Категории

Неколку навики кои дефинитивно ќе ви го променат животот за добро

Оние бесплатни совети кои се однесуваат на олеснување на секојдневни навики се навистина секогаш добредојдени.

Погледнете само дел од нив и размислете само колку ќе ви ги олеснат многу работи.

1. Гответе го месото уште повкусно

Најдобрите специјалитети со месо се всушност со мелено месо. Па така, доколку го зачините преку ноќ и го оставите во фрижидер, истото ќе има подобар вкус.

2. Ослободете се од болки во грлото

Доколку пиете топло млеко со карамелизиран шеќер, тогаш било какво воспаление и рапавост ќе исчезнат многу побрзо отколку што мислите.

3. Смирувањето за неколку секунди

Доколку треба да се смирите во краток временски период, тогаш притиснете го делот помеѓу вашиот нос и усни употребувајќи го вашиот палец три секунди. Ова ќе помогне и во моментите кога помислувате дека ќе доживеете нервен слом!

4. Варење компири за многу пократко време

Компирите ќе се варат побрзо доколку додадете малку путер во нив.

5. Заменете ги јајцата со банани при готвење

Можете да ги замените јајцата со банани додека го приготвувате тестото за колачиња или банана. Половина банана е приближно колку едно јајце.

6. Отстранување на лепак од стакло

Отстранувањето на дамка од лепак од стакло може да се оствари со користење на сончогледово масло за готвење. Само нанесете неколку капки на оштетениот дел, оставете го така 10тина минути, и потоа избришете го делот со тоалетна хартија.

Прегледи:
426
Објавено на:
20.02.2017