Категории

Неколку причини зошто треба косата да ја шишате на суво

Ако мислевте дека косата мора да се шиша кога е мокра, се лажете.

Всушност, кратењето на косата на суво никогаш не било попопуларно.

Причината за тоа е што на одредени типови коса шишањето на суво може значително да ги подобри резултатите, но и самата состојба на косата.

Ви нудиме неколку причини зошто треба да размислите за вакво шишање.

# Шишањето на суво е подобро за дамите со брановидна и виткана коса

Сопственичките на ваков тип на коса знаат дека шишањето на косата која е мокра и исправена не е доволно прецизно. Бидејќи кога косата ќе се исуши секоја локна е во свој елемент.

# Побрзо ќе излезете од салонот

Можеби сте забележале дека кај традиционалниот начин на шишање, откако фризерот ќе ви ја исуши косата мора да се врати уште еднаш со ножиците и да направи по некоја поправка. Така што ако ја шишате на суво косата овој чекор ќе го елиминирате.

# За дамите кои имаат тенка коса, овој начин е многу подобар

Мократа коса е многу чувствителна и во текот на чешлањето додека се шиша може да дојде до пукање. Оваа опасност не постои ако ја шишате на суво.

# Ќе има помалку изненадувања

Кога косата е мокра изгледа многу подолго особено за дамите со виткана коса. Шишањето на суво на фризерот му овозможува да исече точно онолку коса колку што е потребно. Така ќе се елиминира изненадувањето кога косата ќе се исуши.

# Фризурата е прилагодена на вас

Кога се шиша мокра коса, фризерите го прават тоа онака како научиле во училиште. Ако ја шишате на суво ќе добиете уникатна и прилагодена фризура.

 

Прегледи:
715
Објавено на:
15.01.2016