Категории

Необичен базен во воздух во Лондон

Базен во небо? Да и тоа го има. Embassy Gardens базенот во Legacy Building е транспарентен базен кој се наоѓа на десетиот кат на оваа зграда. Со висина од 35 метри и должина од 27 метри, поврзувајќи ги двата апартмана во овој комплекс, ова е еден од најнеобичните базени во светот.

Уживањето во овој транспаренен базен, од оваа неверојатна висина и со спектакуларен поглед и вистинско доживување. Базенот е 3 метри длабок и 6 метри широк, нудеќи им на пливачите навистина добар простор за уживање во водата.

Овој проект е нарачан од Ballymore, кој ги избрале HAL Architects и Arup да бидат инженери, Camlins за уредувањето и Luis Bustamante за дизајнирање на ентериерот.