Категории

Неодолива комбинација на бадем, цимет и портокал: Овој колач ќе ве освои на првиот залак! (РЕЦЕПТ)

Ако ви недостасува идеја за сладок десерт, ви го предложуваме Линзер колачот со кора од портокал, бадеми, цимет и џем од малини.

Состојки:

  • 12 лажички путер
  • 3 лажички шеќер
  • кора лимон
  • кора портокал
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 1/3 шолји брашно
  • 1/4 шолји мелен лешник
  • 1/3 шолји мелен бадем
  • 1 лажичка цимет
  • 1/4 лажички мелен каранфил
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • прстофат сол
  • 1 шолја џем од малини

Подготовка:

  • Измешајте ги путерот и шеќерот додека не се создаде пена, потоа додадете 1 јајце и  белка
  • Во смесата додадете брашно, лешници, бадеми, цимет, каранфил, прашок за пециво и сол и мешајте со миксер додека не добиете смеса
  • Поделете на два дела од кои едниот ќе биде малку поголем
  • Во пластична фолија замотајте го поголемиот дел од смесата и ставете го во фрижидер 30 минути
  • Помалиот дел ставете го во кеса за украсување на собна температура
  • Оладената смеса распоредете ја на дно и по врвовите на округлестиот ребраст калап за пита, па ставете ја во фрижидер 20 минути
  • Рамномерно распоредете го џемот од малиниR
  • На крај, со преостанатата смеса од кесичката за украсување исцртајте линии со дебелина од 2 центиметри
  • Печете на 170 C, 40-45 минути
Прегледи:
553
Објавено на:
30.11.2018