Што всушност се случувало зад камерите за време на снимањето на филмот
Мегапопуларниот филм кој ја освои публиката – „The Notebook“ е снимен според хит романот на Николас Спаркс. Приказната за сиромашниот работник Ноа и богатата девојка Али, стана инстант класика која и ден-денес сите ја обожаваат.
Актерите кои ги толкуваа улогите на Ноа и Али – Рајан Гослинг и Речлен МекАдамс станаа еден од најпопуларните парови на филмското платно, но вистината за соработката помеѓу нив во текот на снимањето на филмот е дека тие имале бројни несогласувања.
Иако на филмското платно се чинеше дека има бесконечна хемија, актерите често се расправале на сетот, а популарниот актер дури и го заполил режисерот да пронајде нова актерка затоа што сметал дека Рејчел не била доволно добра.
Култната сцена во која тие се бакнуваат на дождот требала да биде многу подолга и по сенсуална, но актерите одлучиле дека тоа било доволно.
Откако завршило снимањето на филмот, по кратко време Рејчел и Рајан ги усогласиле односите и дури станале пар на кратко време. Тие двата присуствуваа на доделувањето на филмските MTV награди и ја добија наградата за Најдобар филмски бакнеж која ја прославија со бакнеж на сцената која стана легенда како и самиот филм.