Категории

Нешта кои ниедна зрела жена нема да ги направи за еден маж

Зрелата жена се става себеси на прво место и со тоа си олеснува многу на себеси. Искрена е, не се задоволува со сешто и не си дозволува да влезе во токсичен однос.

Таа е подготвена на конструктивно партнерство а не на отстапки и жртвување. Таа знае се за себеси и е подготвена да живее за себе и да ужива во својот живот. И понатаму сака љубов но таква која е исполнета со нежност, топлина и доверба, но не во онаква во која таа мора да вложува се од себе а добива минимално за возврат.

Не ја чека неговата порака
Таа се јавува за да праша зошто тој не и одговара на пораките и зошто не и се јавува – а ако тој нема време да ја извести дека е зафатен или не одговара на повиците, тогаш таа не очекува повеќе ништо од него. Таа не ги игнорира знаците кои јасно сведочат дека мажот е недоверлив, несериозен, недоволно заинтересиран и површен и става крај на таквиот однос.

Не простува скржавост и деловен неуспех
Зрелата жена вложува во емотивните односи со зрелите мажи за кои нема оправдување ако не умеат да се однесуваат спрема жената и ако се неуспешни во работата. Доколку тој не и купи подарок за роденден или е невнимателен и скржав, не го простува нити едното нити другото. Ако тој во својата зрела доба не изградил кариера, не се пронашол себеси и не станал финансиски независен – таа нема да го издржува.

Не премолчува нешта кои и сметаат
Таа нема да се жали и да досадува со постојани забелешки и критики, но ако нешто не и се допаѓа, не и одговара или ја плаши, ќе го каже тоа отворено и без двоумење – нема да чека тој да ја забележи нејзината непријатност и незадоволство, нити ќе се прави дека се е во ред.

Не се плаши да праша незгодни прашања
Ако постави некое незгодно прашање таа тоа не го прави од радозналост туку затоа што смета дека одговорот ќе и даде некоја важна информација во односот на која ќе може да се ориентира. Исто така не очекува да го чуе она кое би сакала да го чуе туку е вистински подготвена на било каков одговор – искреноста и вистината и се поважни од суетата.

Не пати од љубомора
Неговите пријатели и пријателки се дел од неговиот живот, кој го имал и пред неа, неговата работа е секако важна – таа има разбирање за аспектите од животот на партнерот кој немаат врска со неа, затоа што и самата има исполнет живот, работа, пријатели, хобија. Не е љубоморна на фактот дека нејзиниот партнер ужива со други луѓе и содржини кои не ги споделува со неа. Ја почитува неговата приватност и не толерира непочитување на нејзиниот простор и приватност.

Не се труди да остави впечаток – настапува автентично
Кога ќе запознае нов маж, та не се обидува да се однесува така како што тој очекува, не размислува за тоа дали со нешто ќе го исплаши или збуни, зборува отворено за себеси и своите проблеми, за она што го посакува и е спремна да го направи. Ја покажува својата сила и својата ранливост без срам и страв. Таа е она што е затоа што го заслужила и изградила тоа. Најмалку што очекува од мажот е тој да го почитува тоа.

Прегледи:
810
Објавено на:
24.06.2020