Категории

Невестинската колекција на Оскар де ла Рента која го одзема здивот

Новата невестинска колекција за пролет 2018 на модната куќа Оскар де ла Рента изгледа како вистинска бајка.

Дизајнерското дуо Лора Ким и Фернандо Гарсија создадоа вистинска фантазија преточена во романтичните елегантни невестински тоалети од декадентни материјали како тул, чипка, везиви и сатен.

Во игра влегуваат и заборавените комбинации со панталони кои особено ја воодушевија публиката. Секоја креација беше пречекана со огромен аплауз што со сигурност потврдува дека во оваа колекција секоја идна невеста може да пронајде нешто за себе.

Прегледи:
586
Објавено на:
18.05.2017