Астронаутите се почесто објавуваат видеа од секојдневните активности во вселената. Од тие видео записи може да се заклучи дека миењето коса во вселената е навистина тешка задача.
Јадењето пудинг на вселенски начин е исто така особено интересно да се погледне. Пудингот во овој случај изгледа како пире од компир, а астронаутите мораат да го ловат со устата. Уште една секојдневна активност, која изгледа сосема поинаку во универзумот е цедењето на пешкир. Поради напнатоста на површината, водата се лепи за него и наликува на желатин залепен на рацете на астронаутот.
Да приготвите пица додека летате низ универзумот исто така претставува тешка задача, а пиењето вода е особено смешно. Вежбањето е задолжително за астронаутите, а имаат и посебни фитнес справи. Дневно вежбаат два и пол часа за да ја спречат мускулната атрофија.
https://www.youtube.com/watch?v=L9xdiDOeXvE