Категории

Нов бунт на принцезата Шарлин од Монако – Се појави со избричена глава

Контроверзиите на оваа кралска припадничка и нејзиниот сопруг ги следат уште од самиот почеток на бракот. Овој пат таа изненади со сосема нетипичен изглед за една европска принцеза.

За принцезите важат одредени правила кога е во прашање изгледот и однесувањето. Иако постојат многу кои ги прекршуваат овие кралски правила, сеуште ниедна принцеза не се појавила вака.

Каква е реакцијата на останатите членови на кралското семејство од Монако, сеуште не е познато. Светот остана со подотворена уста кога ја виде Шарлин од Монако со нова панк фризура.

Принцезата го покажа својот нов изглед за време на делењето на празничните поклони во Монако со својто сопруг принцот Алберт и шестгодишните близнаци Жак и Габриел.
Принцезата носеше светликав стајлинг и заштитна маска во комбинација со капут од брендот Dior.

Поранешната олимписка пливачка и порано била бунтовна а години наназада се шпекулира за нејзиниот брак со принцот Алберт II од Монако, синот на легендарната Грејс Кели.

На денот на својата венчавка носеше сино одело со потписот на Карл Лагерфилд а кога церемонијата заврши таа беше фотографирана како плаче за што таа изјави дека било од возбуда додека медиумите гласно шпекулираа дека се работи за тага поради тоа што кратко време пред венчавката долгогодишната љубовница на принцот Алберт јавно изјави дека имаат вонбрачно дете.


 

 

Прегледи:
706
Објавено на:
19.12.2020