Категории

Нов тренд во светот на убавината: Долги, густи и негувани природни трепки

Густи, долги и свиткани трепки се сон на многу дами. На пазарот за убавина постојат бројни алтернативни третмани за постигнување на совршени трепки. Меѓутоа, со овој третман добивате подгнати, потемни трепки кои се зајакнуваат со кератин и тоа сѐ во еден третман. Маскарата повеќе не е доволна. Затоа, ви ги претставуваме сите детали за најновиот третман за разубавување на трепките – Lash Lift (подигнување на трепките).

Што е Lash Lift?

Оваа метода претставува хемиско виткање (подигнување) на природните трепки и нивно боење. Она што е иновативно кај третманот на подигнување на трепки е тоа што трепките се третираат со кератин, кој го пополнува и храни влакното, правејќи ги мазни и полни (како кај кератинот кој се нанесува на коса). Што значи, нема никакви надоградби ниту пак лепење вештачки трепки! Тимот на La Sensa студиото за убавина ќе ве запознае со целата постапка и со сигурност ќе посакате да го добиете овој изглед на вашите трепки.

Колку трае ефектот?

Овој третман кој е потполно безбеден и неинвазивен, трае околу 60 минути, а ефектите обично траат од 6-8 недели. За разлика од екстензиите, при подигнувањето на трепките не мора да доаѓате на корекции секој месец, па овој третман е одличен за дамите кои немаат време да доаѓаат постојано да ги корегираат трепките. Тимот на La sensa студиото за убавина, како и за сите останати третмани и услуги, така и за овој користи само докажани и најквалитетни прозиводи кои ќе им овозможат на вашите трепки долготраен изглед.

Постапка:

  • Најпрво окото се чисти со специјални туфери, потоа се нанесува перничето и убаво се чешлаат трепките и се лепат со лепакот по средината, а не кај коренот.
  • Се нанесува Гел 1 и се остава 12 минути и потоа се брише нежно, па потоа веднаш се нанесува Гел 2 кој стои 8 минути.
  • Потоа со средство за чистење на лепак се бришат убаво трепките за да се одвојат од перничето.
  • Следно се нанесува кератин ботокс.
  • По желба на клиентката, трепките може да се обојат пред да се нанесе кератинот.
  • Резултат убави полукружни трепки

Кому е наменет овој третман?

Слободно може да кажеме дека им е наменет на сите дами: ако имате кратки, рамни, светли трепки со кои не сте задоволни, или едноставно не сакате екстензии. Исто така, ако имате густи и рамни трепки кои тешко се виткаат и кои бргу го губат обликот. Lash Lift е одличен и за дамите кои сакаат да ги одморат своите природни трепки, а воедно и да ги зајакнат.

Закажете го вашиот термин во La Sensa и разубавете се на природен начин. Сега имате можност да ги добиете трепките кои отсекогаш сте ги посакувале.

Прегледи:
1622
Објавено на:
21.02.2020