Категории

Нови откритија за комарците – Што е тоа кое им е слатко во крвта?

Тим амерички научници откри кои хемиски соединенија во човековата крв ги привлекувааат комарците. Подготвуваат револуционерен лек.

Ова откритие може да биде прв чекор кон пронаоѓањето на лек кој може да го замаскира нашиот за комарците неодолив мирис.

Истражувачите од универзитетот Рокфелер во Њујорк ги проучуваа генетски модифицираните женки комарци со цел да откријат кои неврони се активираат кога ќе почувствуваат вкус на крв. Познато е дека само женките комарци се хранат со крв и тоа во периодот на парење.

Инаку, како и поголемиот дел инсекти и тие пред се се хранат со нектарот од растенијата. Сепак, нивната љубов спрема крвта за луѓето ги прави најсмртоносните суштества на планетата. Од болестите кои комарците ги шират како што се маларијата, грозницата денга и жолтата грозница, годишно страдаат околу половина милион луѓе.

Истражувачите ги пренасочиле комарците од хранење со нектаро на хранење со крв со помош на мешавина од четири хемиски соединенија кои треба да го имитираат вкусот на крвта. Оваа мешавина се состои од глукоза, натриум-хлорид, натриум-бикарбонат и аденозин-трифосфат – соединенија кои на клетките им даваат енергија.

Научниците знаат дали комарецот е во режим на хранење со нектар или крв врз основа на тоа кој дел од својата уста налик на игла го користи при исхраната. Проучуваните комарци биле генетски модифицирани така што активноста на различните неврони активира различни маркери, што на научниците им овозможило да следат како се менува активноста на невроните кај инстектите во зависност од тоа што јадат.

Се испоставило дека одредени групи наврони се активираат само кога инсектите се хранат со крв, без оглед на тоа дали е во прашање вистинска крв или синтетичка мешавина.

Водачот на истражувањето, Вероника Жов нагласува дека „ако комарците не би можеле да го почувствуваат вкусот на крвта, не би можеле нити да преносуваат болести“.

Лесло Восхол, шеф на лабораторијата на Медицинскиот институт „Хауард Хјуз“ на Универзитетот Рокфелер напоменува дека ова истражување може да ги одведе научниците до пронаоѓање на лекови кои ќе ги одбијат комарците така што ќе влијаат врз вкусот на крвта.

Прегледи:
577
Објавено на:
19.10.2020