Категории

Нови уникатни специјалитети во добропознатиот кинески ресторан „Ѕвезден океан“ кои воодушевуваат

Колку повеќе патувате и запознавате нови култури, сфаќате дека традицијата и културата на една земја е тесно поврзана со храната. Вкусовите, комбинациите и намирниците варираат во зависност од поднебјето и навиките на луѓето.

Иако македонската кујна е далеку позната и е едно од главните одбележја на нашата земја, сепак секогаш претставува големо освежување вкусувањето на нешто поразлично, нетипично, а сепак адаптирано за овие простори.

Свинско со карфиол

Во центарот на градот на само една минута пешачење од Соборниот храм, позади Домот на градежници се наоѓа токму таков ресторан, кој кога ќе го посетите ќе се почувствувате како да сте  отпатувале некаде далеку, уживајќи во совршената симбиоза од вкусови и мириси на кинеската храна.

Во кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“ можете да уживате во здрава, вкусна и квалитетна кинеска храна која е дел од традицоналната северно кинеска кујна.

 

Нов шеф во нашата кујна и нови специјалитети на нашето мени! ❤ Промотивно со -30% намалени цени, вкусете: ➡ Брокула со ракчиња 210 денари ➡ Свинско со карфиол 220 денари ➡Летна овошна салата 150 денари ➡ Риба со зеленчуци со специјален зачин 250 денари ➡ Корен од лотус со телешко месо во сос 220 денари ➡ Лут ориз со брокула и кинески печурки 120 денари #kineskirestoran #starocean #staroceanskopje #skopje #macedonia #vscoskopje #vscomacedonia #food #chinese #china #chinesefood #foodie #instafood #lunch #dinner #healthy #скопје #македонија

A post shared by Star Ocean Chinese Restaurant (@staroceanrestaurant) on

Особено интересно е тоа што менито на овој ресторан постојано се зголемува со одлични специјалитети кои ги водушевуваат посетителите. Тука ќе ги најдете најневообичаените комбинации кои не може да ве остават рамнодушни.

Во изобилието од вкусови и ароми, покрај добропознатите специјалитети во кои досега уживаме, отсега имате можност да пробате нови здрави и вкусни специјалитети.

Брокула со ракчиња

Љубителите на морската храна особено ќе уживаат во комбинацијата на брокула и ракчиња, или пак, риба со зеленчуци надополнети со специјален зачин.

Риба со зеленчуци со специјален зачин

Доколку преферирате месо, вкусете го специјалитетот свинско со карфиол, а сите оние кои уживаат во дегустацијата на нешто поинакво и поразлично мора да го вкусат лутиот ориз со брокула и кинески печурки.

Лут ориз со брокула и кинески печурки

Одлична здрава чинија е и коренот од лотус со телешко место. Коренот од лотус е нешто ново на нивното мени, тој е диетален зеленчук, а неговиот крцкав вкус и декоративна шара дава уметност на јадењата. Тој е дел од кинеските специјалитети веќе 1000 години и е макробиотски лек и го подобрува расположението на природен начин.

 

Нов специјалитет, по промотивна цена! ❤ Корен од лотус со телешко месо во сос ➡ 220 денари! Коренот од лотус е диетален зеленчук, а неговиот крцкав вкус и декоративна шара дава уметност на јадењата. Има лесен вкус и добро се комбинира во вегетаријански специјалитети и специјалитети со месо. Тој е дел од кинеските специјалитети веќе 1000 години. Тој е макробиотски лек кој се користи при настинка со треска и при раздразнети стомак и црева. Го подобрува расположението на природен начин. #kineskirestoran #starocean #staroceanskopje #skopje #macedonia #vscoskopje #vscomacedonia #food #chinese #china #chinesefood #foodie #instafood #lunch #dinner #healthy #скопје #македонија

A post shared by Star Ocean Chinese Restaurant (@staroceanrestaurant) on

Откако ќе уживате во оброкот, за летните денови изберете ја овошната салата од специјално избрани свежи и сочни плодови.

Летна овошна салата со краставица и банана

Цените на најновите специјалитети се промотивни со намалување од – 30%, а новиот шеф на кујната во „Ѕвезден океан“ ќе се погрижи да доживеете вистинско гастрономско уживање и да посакате овој ресторан да биде дел од вашето дневно мени.

Неповторливата храна од кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“ освен на оваа локација, можете да ја најдете и во трговските центри Рамстор и Сити Мол.