Категории

Ново спортско детско катче за учениците од ПОУ „Д-р. Златан Сремец“

Во склоп на проектот „Европската недела на спортот“ кој веќе е во тек, исполнувајќи ги зацртаните активности, денес започна најавениот настан во ПОУ „Д-р. Златан Сремец“, училиште за деца од прво до деветто одделение со попреченост.

На иницијатива на АСПЕКТ и Волонтерски центар, Скопје, со поддршка од Црвен Крст и Агенцијата за млади и спорт, големиот број на волонтери кои присуствуваа помогнаа во чистењето на дворот кој во иднина ќе биде омилено спортско детско катче на учениците од ПОУ „Д-р. Златан Сремец“. Ова е само почеток на предвидената акција во ова училиште, каде што во иднина ќе започне обновата на кафезите, а воедно еден од нив е и катче за спорт.

Сите деца заслужуваат еднаква љубов и внимание, а во светот на различности, каде што секојдневно се бориме за еднаквоста во секоја сфера, целта на овој проект е да се овозможи еднаков третман и услови за учениците со попреченост, преку безбеден и соодветен простор за спортски и рекреативни активности. За остварувањето на овој настан голем придонес дадоа приватните компании: Жито, Жикол, Голден Арт и Гудмарк Груп.

Европската недела на спортот“ во Република Македонија на локално ниво овозможува квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата – спортот и физичката активност претставуваат национален проект, со што доделувањето на кофинансирање од Европската Комисија во Програмата придонесува за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.

Поддршката на Европската комисија за изработка на оваа публикација не претставува одобрување на содржината која ги одразува ставовите само на авторите, а Комисијата не може да биде одговорна за каква било корист што може да се направи од информациите содржани во неа.