Немојте да им се мрштите на децата кога бараат од вас што побрзо да ја накитите елката, затоа што тоа е добро и за вас.
Кога од подрумот ќе ги изнесете кутиите со новогодишни украси и ќе почнете да ја китите елката, тоа ќе ви разбуди сеќавања на убави времиња и драги личности, сметаат стручњаците.
Америчкиот психоаналитичар Стив Кекивен истакнува дека во светот преполн со стрес, луѓето се врзуваат за нешта кои ги прават среќни, враќајќи ги истовремено во детството.
„Новогодишните украси не потсетуваат на миговите кои сме ги доживеале како деца додека под елката пронаоѓавме подароци“, вели америчкиот стручњак.
Тие магични емоции во нас предизвикуваат смиреност и среќа. Често Нова Година и Божиќ се некоја врста на потсетник на драги луѓе кои можеби повеќе не се со нас. Или елката не асоцира на детството и време кога сеуште верувавме во Дедо Мраз.
И нема само украсувањето на домот да ви го поправи расположнието, туку и ќе ве зближи со комшиите. Студијата објавена во еден стручен магазин покажала дека особите кои го украсуваат домашниот праг и двор луѓето ги доживуваат како поприступачни и дружељубиви.