Категории

Обувки кои никогаш нема да излезат од мода! (ФОТО)

Најносените чевли на светот се шпицастите штикли со нитни кои се првата позната креација на модната куќа Valentino.

Иако од сезона во сезона трендовите се променуваат, некои парчиња вечно ќе останат во тренд, како Chanel костимите, белите кошули, и малиот црн фустан.

Меѓутоа покрај различните парчиња облека кои спаѓаат во безвременска класика, тука се и различните видови на чевли кои ќе ги носиме уште долго. А тоа се:

Manolo Blahnik – Hangisi чевли
Прв пат најверојатно сте ги приметиле во филмот „Сексот и Градот“ кога ги носеше нашата омилена Кери на свадбата со „Господинот Ѕверка“. Од тој миг Hangisi ќевлите станаа едни од најбараните помеѓу жените. Доколку сакате да ги имате треба да издвоите сума од 850 евра.

Valentino –Rockstud
Најносените чевли на светот се елегантните шпицасти чевли со нитни во вид на боцки кои ги креираше познатата модна куќа Valentino. Можат да се купат во секакви бои, а претходните сезони беа објавени бројни копии од други дизајнери. Оригиналот кошта околу 750 евра.

Chanel балетанки
Повеќе од 50 години дамите се одлучуваат за балетанки кога им се потребни удобни чевли. Овој модел на Chanel балетанки е како и малиот црн фустан, одамна ги прослави Одри Хепберн, иако изгледаат едноставно коштаат дури 700 евра.

Converse старки
Дефинитивно најпопуларните патики на светот прв пат биле направени пред повеќе од 100 години па не е ни чудно што се најпродаваните обувки на светот. Изгледот никогаш драстично не се променил, од сезона во сезона се променува само некој мал детал, но класичните модели остануваат и понатаму најомилени кај сите.

Birkinstok – анатомски влечки
Дали сте знаеле дека најудобните летни обувки Birkinstok се продаваат уште од 1774 година? Тие се супер удобни и многу производители на анатомски обувки го присвоиа овој дизајн, а оние кои сакаат да го купат оригиналот треба да издвојат 120 евра.

Мартинки
Чизмите под називот Doc Martens ги дизајнираше германскиот лекар Клаус Мартинс додека беше во воено отсуство во текот на Втората светска војна, затоа што стандардните воени чизми не пружеле доволно поддршка при повредите на зглобовите. Денес ги преферираат луѓе кои следат панк, рок и метал стил. Оригиналните мартинки коштаат околу 90 евра.

 

Christian Louboutin салонки
Безвременските салонки се синоним за вечерна еленганција и се неоспорлив избор кога сакате да оставите силен впечаток. Култните чевли се препознатливи по црвената позадина и височината на штиклата од 12цм. Коштаат дури 630 евра.

 

Прегледи:
862
Објавено на:
11.09.2019