Категории

Одвај ги чекавме божиќните реклами: Оваа е посебно трогателна, погледнете ја!

Пристигна легендарната реклама на британскиот ланец на продавници John Lewis и Божиќ може и официјално да го чекаме.

Одбројуваме до Божиќ, новогодишните празници се сѐ поблиску до нас. Британскиот ланец на продавници John Lewis и оваа година меѓу првите не почести со својата празнична приказна, поточно со рекламата која сите ја очекувавме.

Оваа година, приказната која сигурно ќе допре со вас е наречена „Неочекуван гостин“, а во фокусот е вонземјанка која ќе се спријатели со едно момче и со негова помош ќе го доживее својот прв Божиќ. На целата атмосфера одлично се вклопува и музичката тема „Together in Electric Dreams“ од 1985., која ја преработила младата пејачка Лола Јанг.

Погледнете како изгледа оваа магична божиќна приказна.

 

Прегледи:
588
Објавено на:
19.11.2021