Категории

Оливиа Палермо повторно главна ѕвезда на њујоршките улици

Познатата трендсетерка повторно одржа модна лекција на њујоршките улици. Не одолеавме нити овој пат да ви ја споделиме нејзината најнова модна комбинација која е за чиста 10-ка.

Оливиа Палермо веќе со години ги диктира модните трендови ширум светот. Познатата њујорчанка е главна ѕвезда на улиците на познатата модна метропола кои се нејзина своевидна модна писта каде ги презентира нејзините стајлинзи. Овој пат беше забележана во разиграна дневна комбинација од плисирано здолниште во корална боја кое го искомбинира со џемпер и капут во беж боја и combat чизми во слична нијанса. Оливиа како и секогаш се држи до мерките за претпазливост а марамите се нејзин омилен детал кога е во прашање личната заштита. Овој пат таа избра марама со штосен дезен и големи темни очила.