Категории

Оној кој секогаш има подадена рака, Бог нему му ги подава и двете!

Не влегуваме во животот за да се напаѓаме, критикуваме, докажуваме кој е подобар, поголем и посилен. Што добиваме од тоа? Ништо. Ние сме тука да се заштитиме од светот и од лошите луѓе. Тука сме да си подадеме рака и да го подготвиме патот за туѓата среќа, а не да им фрламе пречки на патот на другите. И само една ситница е доволна за да се види голема разлика. Кој те сака и почитува, а кој не. Кој има пријателско лице а кој маска.

Ние сме во животите на другите за да го создадеме тој магичен момент кој ќе остане и ќе се памети. И ништо големо не е потребно за да се создаде. Само да покажеме дека се грижиме и да ја залечиме раната. И сè веднаш се се променува. Луѓето велат дека времето ги менува работите, но всушност ние ги менуваме. Ние одлучуваме со каква волја ќе тргнеме во нов ден. Не постои лош ден кој не може да се поправи само со една реченица: „Тука сум ако ти требам“.

Прегледи:
365
Објавено на:
19.12.2021