Категории

Откачени мудрости на Хомер Симпсон за пивото

Хомер Симпсон е главниот јунак во популарната серија „Симпсонови“, познат по својата безусловна љубов спрема крофните и своето семејство. Овој смотан, симпатичен, наивен и искрен јунак остана запамтен по многу нешта, но може да се каже дека исто така го краси и љубовта спрема пивото.

Во текот на 28-те сезони Хомер безброј пати до солзи не насмеал со смешните изјави околу пивото, а ова се само некои од највпечатливите:

„Ајде да наздравиме за пивото – причината и решението на сите животни проблеми.“

„Жената е како пиво. Изгледа добро, мириса добро и би поминал бос по трња само за да дојдеш до неа.“

„Сине, верувај ми, не сакаш да пиеш пиво. Пивото е за татковци и деца со лажна лична карта.“

„Ох не, што ли направив. Ја скршив детската прасе-каса поради парички. Па овде нема нити за пиво.. всушност, чекај да пребројам повторно.. Ох не, нема ни за пиво.“

„Сине мораш да ја сакаш својата држава повеќе отколку што јас го сакам своето студено пиво на топло Божиќно утро.“

„Во ред мозоку. Не те сакам, нити ти ме сакаш мене, но ајде да ја завршиме оваа работа па да можам да навратам на пиво и да продолжам со убивање на твоите мозочни ќелии.“

„Ох душо, не се напив, само одлетав во чудесниот свет на фантазиите.“