Категории

Откако ќе ги научите овие 7 животни лекции од Никола Тесла, ќе живеете многу поубаво

Некои од најголемите умови на нашето време се сметале за луди од страна на нивните врсници и општеството. Никола Тесла не бил исклучок. Тој имаше големо влијание за науката и технологијата, од кои едно беше предвидување на безжичната комуникација: интернет. Со неговите експерименти, научил многу вредни лекции за животот што ги споделил со светот.

1. Не обрнувајте внимание на она што го прават другите

Наместо да се фокусираме на тоа што светот може да земе од нас, треба да размислуваме што можеме да му подариме на светот. И покрај безбројните обвинувања дека неговата работа е украдена, Тела продолжил да работи на своите изуми. Доколку сите ние се грижиме да бидеме среќни, наместо да се грижиме за се останато, би живееле многу поинаков живот.

2. Спознавањето на себеси ја подобрува вашата визија

Размислувањето е важен дел при спознавањето на себеси и на она што го сакате во животот. Ако одвоите време да размислите за себе, вашите силни страни, вашите слабости и она што го посакувате, мнмогу подобро ќе се подготвите да се борит да ја остварите целта.

3. Во ред е да бидете пред сите

Ако некогаш ви кажале дека сте луди, или дека вашите идеи нема да функционираат, можеби ќе помислите дека полесно е да се откажете отколку да се обидете да ги убедите оние околу вас дека сте во право. Тесла не потсетува дека вистинските создавачи немаат проблем со останатите луѓе кои не ги прифаќаат нивните идеи. Луѓето се развиваат и се откриваат себеси на различни нивоа, и може да биде тешко да се чувствувате дека сте сами. Но, не се откажувајте. Бидете горди на своите способности и соништа.

4. Никогаш не престанувајте да читате и да учите

Додека интернетот е полн со информации и идеи, читањето книги е сè уште еден од најпознатите пријатни начини за учење нови работи. Само читајте и секогаш барајте да научите нови работи.

5. Бидете трпеливи и продолжете понатаму

Трпението е карактеристика на креативните луѓе. Некои писатели чекаат недели, месеци, па дури и години за вистинска инспирација. Сликарите се трудат да ја добијат вистинката боја, а изумителите работат по цели ноќи, обидувајќи се да создадат нешто ново досега невидено. Не грижете се колку време ќе помине за да ги постигнете вашите соништа, туку продолжете да работите на нив.

6. Не престанувајте да креирате

Без разлика што велат сите – дури и доколку се сомневате во самите себе – не престанувајте да креирате. На светот му е потребно она што можете да го понудите, па иако понекогаш изгледа неверојатно, вашата креативност го менува светот на начини кои не можеме ни да ги замислиме. Тесла не потсетува дека наша одговорност е да ги искористиме талентите за да помогнеме да го направиме светот подобро место.

7. Парите не се сè

Во денешниот модерен начин на живеење, луѓето бараат бизнис идеи и изуми кои носат милиони долари. Тесла не охрабрува да креираме поради љубовта кон креирањето. Доколку следува награда за тоа, супер, но и да не следува, самата креација е награда по себе.