Категории

Ова е единствениот лек за болното срце

За болното срце постои само еден единствен лек кој секогаш помага

Владимир Алмазов, истакнатиот руски крдиолог, во својата лабораторија држи сад со човечко срце сочувано во алкохол.
Сите негови студенти ја знаат приказната за срцето.

Во раните 50-ти, кога др. Алмазов сеуште бил студент на четврта година на медицинскиот институт во Ст. Петербург, во клиниката била доведена млада жена со дијагноза субакутен бактериски ендокардитис.

Дури и денес, оваа застрашувачка болест има висок степен на смртност, а фаталниот исход бил речиси сигурен.
Се сметало дека за девојката нема помош – срцето и станувало се послабо и послабо со константно повишена температура.

Девојката ја прегледале најдобрите професори, но без позитивно решение. Во текот на прегледот на докторите присуствувале и неколку стажисти а еден од нив бил и др. Аламазов, тогаш на глас како доста посветен и талентиран студент.

Тој не предложил никаква револуционерна метода за лечење на ендокардитис, нити ништо слично, тој едноставно се заљубил во болната девојка.
Тој секој ден ја посетувал и и носел цвеќе. Со текот на времето и таа се заљубила во него и полека но сигурно почнала да се опоравува.

Тие се венчале и добиле деца а на свадбата присуствувале и докторите кои ја лечеле девојката.
После долги среќни години, кога лежела на смртна постела, таа го оставила своето срце во медицинскиот институт во Ст. Петербург.

Таму засекогаш ќе биде зачувано како потсетник дека болното срце може да го излечи единствено срцето кое сака.

Прегледи:
486
Објавено на:
29.02.2020