Да бидеме искрени, кој објавува слика на Инстаграм и не сака да добие ниеден лајк?! Да признаеме, таква личност не постои. Сите кришум повторно ја отвораме апликацијата за да провериме кој ја лајкувал нашата објава.
Дознавме кое е најдоброто време за бјава на модни, фитнес и гастро постови.
„Hopper HQ“ дошол на идеја да истражи и да утврди временски кога објавата добива најмногу лајкови. Повеќе од 1,2 милиони постови објавени се на Инстаграм во одредено време. Студијата ги проценила овие податоци и утврдила дека најдобро време за објавување на фотографија е помеѓу 18 и 19,30 во текот на работните денови и во 23 часот за време на викендите.
Зошто? Затоа што токму тој период повеќето корисници се наоѓаат на Инстаграм. Тоа значи дека поголема е веројатноста дека ќе ја видат вашата слика.