Како резултат на ретка состојба, најплодната жена во светот родила 44 деца, сите до 36-годишна возраст.
Мариам Набатанзи од Уганда сега има 39 години и има рекорден број на деца сите од ист татко, 40-годишен човек со кој била во брак од 12 години.
Првите близнаци ги родила една година по стапувањето во брак, а оттогаш родила четири тројки, три четворки и шест двојки близнаци.
Нејзиниот сопруг ја напуштил пред три години и сега таа сама ги одгледува сите 44 деца. Живеат во четири мали куќарки, направени од цементо и тули со железен покрив, опкружени со полиња со кафе.
Мариам дознала дека има необично големи јајници кога ја прегледувал докторот по раѓањето на првите близнаци. Воо Уганда големите семејства се честа појава, просечно секоја жена има по 6 деца, но сепак семејството на Мириам се смета за огромно.