На секоја жена барем еднаш во животот и` се случило да заврши во кревет со некој маж непланирано, само затоа што мажите всушност се добри манипулатори кога станува збор за одведување на жените во кревет!
Во продолжение ви пренесуваме некои од најчсетите трикови.
Слатки зборови
Откако ќе го добијат она што го сакаат, најчесто исчезнуваат и повеќе не се јавуваат. Мажите точно знаат што да кажат за жената да се почувствува посебно, но откако ќе го добијат посакуваниот секс, често се мрзеливи за да продолжат со глумата.
Алкохол
Не зборуваме за предатори кои ги опиваат жените, туку за оние мажи кои знаат дека жената со помош на малку алкохол ќе „полета“ и полесно ќе донесе одлука. И, во право се.
Раскажување на тажни приказни
Мажот кој одеднаш ја отвара душата и изгледа неверојатно ранливо, најчесто има скриени намери. Не е тоа ништо лошо, но е прилично провидно.
Ја слушаат жената
Некои мажи навистина слушаат и се грижат, но многумина од нив ги слушаат жените за на крајот да ги одведат во кревет.
Извор: СкопјеИнфо