Категории

Ова се најчудните додатоци на пица во рестораните низ светот: Од банана до жаби, питони и алигатори…

Повеќето луѓе кога одат на пица мислат на тестото со додатоци како шунка, сирење, печурки или зеленчук. Но, на различни краишта од светот, на пицата се ставаат најразлични додатоци, а поради нив овие пици се навистина уникатни.

1. Пица со додаток жаба, питон и алигатор – Ресторан на Флорида нуди пица со „чудовиштата од мочуриштето“ на која се наоѓаат жабји батаци и парчиња месо од алигатор и питон.

2. Пица со грав – популарна во Велика Британија

3. Во Шведска луѓето често јадат пица со банана

4. Мароканска пица со ореви и песто од лук

5. Британска пица со пилешко

6. Британска пица со чоколадо и Marshmallow

7. Пица со кокос можете да нарачате на Костарика

8. Врвна пица со риба, дури 5 различни видови, можете да нарачате во Москва, каде што ја сметаат за специјалитет

9. Пица со шкотскиот специјалитет Haggis

10. Пица со компир и мајонез

11. Пица со сирење и јагоди

12. Пица со месо од крокодил во Австралија

13. Пица со тестенини и сирење

Прегледи:
806
Објавено на:
29.05.2018