Ова се некои од најнеобичните суеверности во светот. Прочитајте!
-На Филипините се верува дека бојата може да привлече громови, па затоа при невреме не се носат алишта во црвена боја.
-Во Јапонија случајно скршена флаша носи голема среќа.
-На Куба секогаш има повод за уште една пијачка. Кубанците веруваат дека кога ќе изговорите: ова ми е последна пијачка, ја провоцирате судбината и ја повикувате смртта.
-Во Италија и Португалија се верува дека одењето наназад повикува лоша среќа.
-Таканареченото зло око се споменува во културите и суеверностите ширум светот. Но, во Болвија постои специфичен начин на отргнување на овој малерозен симбол. Најпрво живо јајце се втрлува по телото на жртвата на малерозното око, потоа јајцето се крши во чаша вода која се остава под неговиот кревет.
-Во Аргентина никој не го споменува името на поранешниот претседател Карлос Менем. Имено, Карлос бил толку лош претседател, што се верува дека споменувањето на неговото име претставува клетва која носи неуспех.
-Во Руанда припадничките на понежниот пол не смеат да конзумираат козјо месо бидејќи може да им порасне брада, или пак да бидат многу тврдоглави.