Категории

Ова се неколку трикови при шминкањето со чија помош очите ќе ви изгледаат поглеми и посјајни

Доколку посакувате заводлив поглед на кој никој не може да му одолее, се што ви е потребно е квалитетен ајлајнер и неколку моќни трикови.

1. Лесен и забавен изглед

За ваков изглед, потребен ви е ајлајнер кој ќе го направи вашиот поглед најпримамлив што може. Ставете една линија на горниот надворешен дел на линијата на трепките, како и на долната линија. Обрнете внимание горната линија на крајот да биде закосена за да биде ефектот уште појак.

 

2. Нежен изглед

Доколку сакате да нанесете што е можно помалку ајлајнер (само колку да ги нагласите очите), повлечете линија од надворешниот агол кон внатрешниот и тоа до половина око.

Трудете се таа да биде што поблизу до трепките и што потенка. Сето тоа важи за пределот под окото – овој пат прескокнете го капакот, но во повеќе слоеви нанесете маскара и на горните и на долните трепки. Ќе се воодушевите од резултатот!

3. Двобоен изглед

Повлечете полна линија со црн ајлајнер, а потоа нанесете виолетова или сина сенка за очи.

Прегледи:
593
Објавено на:
06.06.2018