Категории

Ова се причините поради кои таа ќе те остави

Таа ќе те остави. Не поради тоа што го имаш направено, туку поради тоа што го немаш. Таа ќе те остави, не поради тоа што си го рекол, туку поради нештата кои си ги премолчил.

Таа ќе те остави затоа што и велиш дека ја сакаш но тоа никогаш не го покажуваш. И го зборуваш тивко, шепнувајќи, среде ноќ, но никогашвистински не си го почувствувал значењето на тие зборови.
Таа ќе те напушти, затоа што никогаш не си се појавил на нејзините важни случувања. Кога те молеше да и помогнеш за нешто, да ја утешиш, да и ги покажеш своите чувства, а ти само ги спушти рамената затоа што знаеше зошто не направи ништо. Полн си со ветувања кои никогаш не ги исполни.
Ќе те остави затоа што никогаш искрено не ти било грижа за неа.
Затоа што ако ти било, не би ја лажел, не би измислувал празни оправдувања. Да ти било стварно грижа, не би се налутил поради некои бесмислени аргументации. Ако ти е стварно грижа, не би заборавил да се појавиш. Ако би ти било грижа, ти би ја слушнал. Би ја слушнал што сака, што посакува, што и е потребно, а таа тоа го кажуваше јасно.
Ќе те остави затоа што не си особа каква што се претставуваш. И затоа таа веќе не сака да биде со тебе. Ти не гледаш вашата заедничка иднина, не ги гледаш испружените дланки, насмевката, ни убавата ни трагичната слика.
Таа заминува затоа што немаш храброст да ја направиш вистинската работа. Немаш љубов внатре во твоето срце да ја замолиш да размисли уште еднаш, заедно да пронајдете решение. Немаш храброст да ја наговориш да остане.
Затоа и заминува, затоа што ќе биде сакана, заминува да ја пронајде својата среќа!

Прегледи:
464
Објавено на:
05.10.2019