Кога Сандра Кудреј ја видела фотографијата од Џасмин, малото слепо маче, на Фејсбук страната “Association Adoption Feline”, оваа француска девојка веднаш се заљубила.
Мачето најдено на улица се плашело многу од луѓе, но сепак се што му требало било малку љубов за да почне повторно да им верува на луѓето.
Сега, оваа мачка се бакнува и гали со својата сопственичка секојдневно, за која е многу приврзана.
“Кога ја видов веднаш сакав да ја посвојам затоа што видов дека е слепа, а претходно живеев со мачка која ослепе од старост”, објаснува Сандра.
“Последниот пат кога бев во посета на Нормандија за да го видам своето семејство ја оставив со мојот брат. Таа ме чекаше секој ден во мојот кревет. Таа сега не може без нас, а ние без неа. Ни носи многу љубов и среќа”, додава таа.