Категории

Оваа намирница го намалува апетитот и холестеролот

Ако сакате да ги исфрлите нездравите грицки, а ви недостига замена за нив, зошто во текот на летото не се обидете со варена пченка?

Нутриционистите ја препорачуваат како составен дел од секое мени поради богатата содржина на билни влакна. Пченката е одличен диуретик, го забрзува метаболизмот и го намалува холестеролот. Бидејќи е богата со комплексниот витамин Б има ефект на снижување нивото на хомоцистин во крвта, кој ги оштетува крвните садови, па порад тоа редовното консумирање на пченка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

За разлика од повеќето намирници кои со термичката обработка ги губал дел од здравите состојки, варењето и печењето на пченката незначително го уништива само витаминот Ц, но истовремено ослободува моелкули со антоксидантно дејство со што се зголемува неговата моќ.