Категории

Оваа намирница ја јаде Викторија Бекам со секој оброк за сјајна кожа

Во интервјуто за магазинот The Edit, Викторија Бекам открила дека со секој свој оброк јаде лосос. Нејзиниот доктор ја советувал да јаде лосос за појадок, ручек и вечера за да има совршена кожа.

Таа намирница е полна со Омега 3 масни киселини кои ја прават кожата сјајна и ги зацврстуваат коските. Богата е со протеини и витамините А и Ц, но не можеме да се сложиме дека е здраво да се јаде толку риба на дневно ниво, а не е ни одговорно земајќи в предвид дека на тој начин премногу се уништуваат рибите и се загадува околината.