Категории

Оваа полицајка го воодушеви светот – доеше туѓо дете за да го спаси!

Полицајката Селест Ајања од Аргентина стана ѕвезда кога на „Фејсбук“ беше објавена фотографија како дои напуштено бебе. Според локалните медиуми, детето било примено во болница и било неисхрането. Бебето било вознемирено и гладно, а полицајката се понудила да го смири.


„Забележав дека е гладно затоа што постојано ја ставаше раката на устата и затоа побарав од докторите да го прегрнам и нахранам. Тоа беше многу тажен момент, срцето ми беше скршено. Општеството треба да биде почувствително на проблемите со кои се соочуваат децата“, рекла полицајката.

Локалните медиуми пишуваат дека момчето што Ајања го доела е едно од шесте деца на самохрана мајка што тешко успева да се грижи за сите.

Прегледи:
549
Објавено на:
23.08.2018