Категории

ОВИЕ 5 работи ни милионерите не можат да си ги приуштат: Резервирани се само за НАЈБОГАТИТЕ луѓе на светот

Бизнис Инсајдер направи список на пет работи кои се надвор од дофатот и на милионерите, односно само многу богатите мултимилионери можат да ги имаат …

Постојат неколку работи што дури ни милионерите не можат да си ги дозволат.

Бизнис Инсајдер направи список на пет работи кои се надвор од дофатот и на милионерите, односно само многу богатите мултимилионери можат да ги имаат …

 

  1. Суперијахти

Да, веројатно ви се чини дека сите богати летуваат на јахти, но кога станува збор за мултимилионски луксузни суперјахти, само најбогатите можат да ги имаат. Ова е затоа што со вакви пловни објекти, покрај астрономската почетна цена, постојат и многу високи трошоци за одржување што само неколкумина можат да си ги дозволат.

 

  1. Приватни авиони

Истата работа се однесува и за приватните авиони. Иако можеби ви се чини дека секој милионер има сопствен приватен авион со кој може да лета на кое било место во кое било време, ваквите работи можат да си ги дозволат само оние многу побогати од милионерите.

– Сопственост на авион не е за милионери. Тоа е за типови кои вредат 50, 60, 100 милиони долари “, рече Крис Батаглија од Меридијан Авијацијата.

Спортски клуб

Само оние најбогатите може да си дозволат да поседуваат спортски клуб од светска класа. На пример, во 2014 година, Стив Балмер го купи ЛА Клиперс за неверојатни 2 милијарди долари.

 

  1. Постојана куќна послуга

Не, немаат сите милионери постојана куќна послуга во своите домови. Во ред, тие веројатно можат да си дозволат помош околу куќата, но не можат да си дозволат другите да работат се за нив затоа што тоа чини многу пари. Полно работно време во кое би биле вклучени шеф на персоналот, батлер, асистент, готвач, домаќинка, дадилка, воспитувач, возач и домаќин, би чинело милион до два и пол милиони долари годишно, не вклучувајќи ги сите придобивки што работодавачот мора да ги обезбеди за тие работници, пишува БИ.

 

  1. Бункери за судниот ден

Ги знаете оние ексцентрици кои се подготвуваат за „судниот ден“ градејќи бизарни комплекси и бункери? Тие треба да имаат многу пари за вакво нешто. Блумберг неодамна напиша дека милијардерите од Силиконската долина во последно време купуваат бункери во Нов Зеланд, од кои некои чинат околу осум милиони долари. Оние малку полуксузните чинат и до 20 милиони долари. Значи, ако некогаш дојде судниот ден и овие бункери навистина и послужат на целта – на светот ќе останат само милијардери и неколку милионери.

Прегледи:
674
Објавено на:
24.11.2019