Кога се подготвувате за патување, информирајте се добро дали смеете да понесете со себе се што сакате, за да не ви бидат одземени дел од работите на аеродром.
Патниците кои патуваат со авион може да бидат виновни за доцнењето кога ја проаѓаат контролата на аеродромот бидејќи обезбедувањето мора да го провери багажот. Владата на Британија наводно размислува да забрани пудри во рачниот багаж.
Производите како козметика, протеински пудри, кафе ќе бидат забранети. Патниците ќе бидат замолени да ги приложат сите прашоци кои ги имаат во својот багаж одвоено поради контрола кај обезбедувањето, но и течности, гелови и спрејови.
Правилата на австралиската влада налагаат прашоците кои ги носат патниците да не бидат потешки од 350 грама, а се смета грамажата на целото пакување, а не колку е полно. Австралија исто така разликува органски од неоргански прашоци. Во неоргански спаѓаат пудрата за стапала, детерџентот, некои производи за чистење и песокот кој има рестрикција во тежината. Органските производи како пудра за бебе, козметика, кафе и протеински прашоци не се подложни на рестрикција, но мора да се пријават кај обезбедувањето.
Од одделението за транспорт и превоз на патници велат дека безбедноста на патникот е на прво место, а дека Британија ги има едни од најригорозните правила во авиосообраќајот. На секоја влада останува да одлучи за своите правила за безбедност.