Во вторник, 13 Декември, во Археолошкиот музеј на Р.С. Македонија ќе биде отворена изложба на Бојан Ковски „Панта Реи“. Официјалното отворање на изложбата ќе започне во 19 часот и ќе биде достапна за посетителите до 21 Декември.
Бојан Ковски е академски сликар, кој своите студии ги има завршено на Факултетот за Ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, генерација 2011-2015, под менторство на проф. Антони Мазневски. Во своето портфолио Ковски има неколку самостојни, групни изложби и перформанси.
Во неговите дела се изразува со слики масло на платно, како и body paint перформанси. Оваа изложба Ковски ја работеше инспириран од неговиот живот поврзан со водата како главен извор на живот за сите нас, а во неа ќе бидат вклучени 12 дела масло на платно. Во претстојната изложба, Ковски ја разработува формата на човечкото тело и природата, коишто претставуваат константен тек и перцепција на човечката визуaлизација.