Категории

Патот до пронаоѓање на вистинската љубов – Како да се вљубиш во себеси?

На ист начин како што се заљубуваш во некој друг..

Како да се заљубиш во себеси?
На ист начин како што се заљубуваш во некој друг. Спознај го лошото, сподели го доброто и блескај. Се случува бавно затоа што на љубовта и е потребно време за да порасне.
Чекор по чекор, ден по ден.
Почни да бидеш љубезен спрема себеси. Однесувај се кон себеси со нежност и љубезност, почитувај се како што тоа би го правел кон некој кој ти значи.
Признај ги своите грешки но прости си на себеси за нив.
Поминувај повеќе време во откривањето на себе, исто како што поминуваш време да откриеш некого кој те интересира.
Што сакаш а што не сакаш, што те прави среќен и се измеѓу.

Не можеш да чекаш да станеш совршен за да се засакаш себеси затоа што кога ќе погледнеш подобро, се заљубуваш во другите не поради тоа што се совршени туку поради она што се.
Ги сакаш онакви какви што се, со сите мали и големи нешта, добри и лоши.
Одлучи да се заљубиш во себе на истиот безусловен начин. Вложи време во себеси исто како што би сакал да вложиш во некој друг, и знај дека тоа ќе биде најдобриот избор кој ќе го направиш во својот живот.

Прегледи:
597
Објавено на:
21.07.2020