Категории

Пациентите во болницата шокирани: 16 медицински сестри останале бремени во исто време

Во болница во американската држава Аризона во ист период останале бремени дури 16 медицински сестри, објавил Би-Би-Си.

Тоа е 10% од медицинскиот персонал на одделението за интензивна нега во болницата во градот Меса. Дури и пациентите почнале да ги забележуваат трудниците на одделението. Медицинските сестри на конференцијата за новинари се пошегувале дека „мора да има нешто во водата“ и дека тоа е „заеднички план за одмор во текот на божиќните празници“.

Првата медицинска сестра ќе се породи во септември, а последната во јануари. Една од трудниците изјавила дека не знаеле дека ги има во толкав број се додека не основале група на Фејсбук.