Категории

Писмо од разочарана девојка: Одбивам да бидам твоја девојка за „понекогаш“

„Можевме да бидеме многу повеќе, а сега сме ништо. Тоа е всушност класична приказна. Момче и девојка сфаќаат дека си се допаѓаат еден на друг“

Девојката секако, прво се плаши, па затоа на почеток внимателно ги покажува своите чувства. Но сепак, после некое време стравовите ја напуштаат. Момчето тогаш побегнува. Девојката чека тој да се врати, и тој се враќа, но секогаш ја држи на одредена дистанца и таа тогаш емоционално се распаѓа.
„Сега знам што ти сум тебе. Ми требаа пет доста долги месеци исчекување за ти да сфатиш колку ми значиш и да се појавиш пред мојата врата. Да се бориш за мојата љубов.
Јас сум девојка која ја сакаш покрај себе понекогаш. Можеби ти длабоко во себе чувствуваш нешто за мене, нешто големо, а можеби и не. Никогаш нема да знам затоа што веројатно никогаш нема ни да ми кажеш.
Најлошо од се е што многу ми се допаѓаш, дури и кога те нема. Ти си мојата омилена личност со која сакам да ги поминувам часовите, деновите, месеците..
Дури и кога лежиш покрај во креветот и ми зборуваш за твоите емоционални проблеми со жените, знам дека тоа секогаш се однесува на мене. Јас сум таков мазохист што тогаш ми се допаѓаш уште повеќе.
Во еден миг се чувствувам како да сум се излечила од тебе. Ги гледам своите недостатоци и увидувам дека не сакам спрема мене да се однесуваш како што се однесуваш, да ти сум на располагање кога ќе посакаш. Чувствувам дека заслужувам многу повеќе од тоа, и одеднаш сум подобро, те исфрлам од себе.
Мислев дека сум силна и дека ова нема да ми се случи. И сега гледам дека сум сепак слаба, слаба на тебе. Слаба зошто дозволив да ти бидам девојка за „понекогаш„.
Можеби во тоа е целта. Да сфатам дека треба да почнам да се ценам себеси повеќе. Дека заслужувам повеќе и дека тоа е она кое треба да го барам.
Верувам дека еден ден ќе запознаам некого кому ќе бидам жена за засекогаш, а ти ќе останеш само спомен за „понекогаш“. Можеби како совет на другите жени да учат на мојата грешка.“

Прегледи:
462
Објавено на:
05.10.2019