Категории

ПЛЕТЕН ФУСТАН – задолжително модно парче за студената сезона

Студената сезона е веќе тука па како што ќе почнат да опаѓаат температурите така се повеќе ќе се вљубуваме во топлите плетени парчиња.

Оваа сезона плетените фустани повторно ќе доминираат па не заборавајте да си обезбедите барем еден модел во вашиот плакар. Без разлика дали се работи за краток или долг, тој е идеално парче кое ќе направи да изгледате стилски, елегантно, топло и удобно во исто време. Можете да ги комбинирате со чизми над колена што е еден од најпопуларните трендови моментално, чизми до глужд, патики или високи потпетици.

Прегледи:
1249
Објавено на:
18.09.2017