Категории

По повод Новогодишните празници на 28. декември во Пунктот за бездомници-Момин Поток, ќе се одржи традиционален ручек!

По повод Новогодишните празници на 28.12.2018-петок во 11 часот во Пунктот за бездомници-Момин Поток традиционално ќе се означи денот со збогатен ручек, како и помош на 60 бездомни лица со хуманитарни пакети со топла облека кои редовно го посетуваат пунктот.

Пунктот за бездомници кој функционира веќе 10-та година нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Истиот е финансиски поддржан од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани.

Ве покануваме да го проследите настанот.