Категории

Победете ги негативните мисли – Мотивација за секој ден

Сигурни сме дека во било кој миг во животот сте почувствувале дека едноставно не можете повеќе – кога вие преку глава од се и не гледате излез од сето тоа туку само чувствувате притисок од сите страни кој само се зголемува.

Кога ќе помислите на тоа дека сепак сте здрави и имате работа, додека многу други луѓе на светот го немаат тоа, вашата среќа, чувствувате благодарност. Меѓутоа, ни благодарноста која ја чувствувате и благосостојбата некогаш не се доволни за одреден терет да се симне од вашите мисли и да се чувствувате слободно и лесно.

Кога ќе почувствувате дека сето тоа ве притиска и немате воздух, сетете се на овие 6 мисли и секогаш чувајте ги добро во вашата глава.

„Не можам повеќе да се чекам ова да се промени“ заменете го со „Кога се ова ќе биде готово, еве што ќе знаам да ценам..“

На овој начин во мрачните ситуации пронаоѓате светлина која секогаш постои, само треба да ја пронајдете. Тоа ја преобразува и пренасочува вашата енергија и фокусирани сте на позитивните нешта.

„Ова е потполна катастрофа“ може да биде и „Ова што се случува е без врска но не е катастрофа“

Рестартирајте ја перспективата но и понатаму дајте им можност на сите чувства да се исполнат – основен ритуал на нега со цел да можете да ги пребродите тешкотиите, да се ослободите од старите рани.

„Јас сум во потполен хаос“ заменете го со „Го можам јас ова!“

Зајакнете се себеси со градење на отпорност. Негативните изјави ја уништуваат вашата моќ, позитивните, афирмативните мантри можат да ви ја вратат.

„Ова е толку тешко“, може да се преименува како „Јас можам да излезам на крај со тешките нешта.“

Помалку фокусирање на надворешните бариери и повеќе на внатрешните способности. Ќе ве потсети на вашата внатрешна светлина, сила и отпорност.

„Треба да работам повеќе“ понекогаш пожелно е да наместо тоа да се каже „Очекувам од себе да преживеам“

Чувството на „недоволност“ на сите не е добро познато и е доста фрустрирачко. Сепак не сите денови се денови за хиперпродуктивност, некои е доволно да се преживеат по свое.

„Не знам како ќе го направам сето ова“ би требало да биде „Има многу нешта, ќе ги направам едно по едно и така чекор по чекор ќе ја завршам работата.“

Смирете го синдромот на преплавеност и чувството на растргнатост на мозокот – чувствувајте се продуктивно и самоуверено, и ќе станете таква личност.

Прегледи:
598
Објавено на:
10.06.2020