Категории

Подарете му здравје на телото со вкусна пита од коприви (РЕЦЕПТ)

Подарете му здравје на вашето тело со оваа вкусна пита од коприви која се приготвува многу лесно.

Копривата е лек за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза на белите дробови, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, против зрачење, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.
Поради своите прехрамбени и витамински вредности се смета за исклучително здрава. Таа е богата со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и друго.
Копривата е растение кое не е доволно застапено на нашата трпеза. Има многу начини на кои може да се приготви, а питата со коприви е еден од нив.

Потребни состојки:
– 3 јајца
– 2 чаши (180 мл) јогурт
– 1 чаша масло
– 2 чаши бело пченкарно брашно
– 1 чаша бело обично брашно
– 1 кесичка прашок за пециво
– 1 лажичка сол
– 200 гр. сирење
– 250 гр. коприви

Начин на подготовка:
Исчистете ги копривите и сварете го во солена вода околу 5 минути. Исцедете и исецкајте вкупно 250 грама.
Изматете ги јајцата. Додадете јогурт и масло. Измешајте. Додадете брашно помешано со прашок за пециво и сол. Изматете ја смесата. Додадете го издробеното сирење и компривите. Промешајте.
Ако смесата е густа додадете уште малку јогурт.
Смесата ставете ја во плех претходно измасен и загреан.
Печете на 200 степени околу 30 минути.
Послужете топло со додаток по избор.

Пријатен апетит!

Прегледи:
2084
Објавено на:
28.06.2019