Категории

Подобро еден ден како лав, отколку сто години како овца: Најпознати италијански поговорки!

Италијанците се познати во поговорките, а ова се некои од оние најинтересните!

Подобро матно вино отколку бистра вода.

Утрото е мајка на работата, а ноќта на мислите.

Парите кои се заштедени, дупло се заработени.

На оној кој се смее без некоја посебна причина, му треба дополнително воспитување.

Може да кажеме нешто што не знаеме, но не можеме да дадеме нешто што немаме.
Еден цвет не прави венец.
Кога убавата жена се смее, паричникот плаче.
Чекори полека за да не се дигне прашина.

Убавината има убави лисја, но горки плодови.

Кој не е нестрплив, не е ни заљубен.

Проклет да е стомакот кој не се сеќава на лебот што го јадел.

Колку повеќе го жртвуваш своето „ЈАС“ толку е посилна и повистинска твојата љубов.

Не е убаво она што е убаво, туку она што нам ни се допаѓа.

Да сакаш а да не си сакан е исто како да се одзиваш, а никој не те повикал.

Последното одело се прави без џебови.

Љубовта на жените им дава дух, а на мажите им го одзема.

Сеќавањето на патењето ја зголемува среќата.

Странскиот јазик подобро се учи во кујната отколку на училишните клупи.

Работата која ни се допаѓа никогаш не е доволно платена.

Кој нема деца, тој не знае што е љубов.

Побројни се оние кои ги поседува богатството, отколку оние кои поседуваат богатство.

Љубовта е слепа, но се гледа од далеку.

Каде што недостасува сила, ја надокнадуваме со волја.

Подобро да живеете барем еден ден како лав, отколку сто години како овца.