Категории

Погледнете го видеото кое ќе ве натера да ги оставите телефоните и да почнете да спортувате

Спортувањето и физичката активност оставаат длабоко и позитивно влијание врз секој поединец, заедницата и општеството. Општо е познато дека физичката активност, вклучувајќи го и спортот, е тесно поврзана со намалениот ризик од заболување, вклучувајќи ги кардиоваскуларните болести. 

Токму поради тоа, Европската недела на спортот секојдневно придонесува во активното вклучување на сите граѓани во спортот и спортските активности, водејќи грижа за здравјето на секој поединец. Многубројните спортски активности кои ги организираат се доказ дека спортот е за сите, без разлика дали тој е ваша професионална преокупација или рекреативно се бавите со него.


Одржувањето на спортскиот, здрав дух соединува, не познава возрасни граници и создава многу позитивна енергија. Токму тоа е пораката на најновото видео на Европската недела на спортот, кoе ја промовира физичката активност и спортувањето како најдобар начин да го одржите своето здравје, а истовремено да се забавувате.

Пронајдете време за себе, бидете и вие дел од Европската недела на спортот и изберете ја омилената активност.