Категории

Погледнете како е да се патува во прва класа од 21.000 долари!

Поголемиот дел од луѓето сакаат да патуваат, но навистина не го сакаат начинот на кој пристигнуваат до својата дестинација.

Но, кога летате во прва класа, каде седиште чини 21.000 долари, можеби ќе ви се промени мислењето кое го имате за патувањето со авиони.

Славниот “YouTube” корисник Кејси Нестат неодамна доби можност да патува во првата класа на авио компанијата “Emirates” од Дубаи до Њујорк, па тој реши да го документира целото искуство и да ни го прикаже на “обичните смртници”.

Како што објаснува тој во видеото, најевтините карти за прва класа се со цена од околу 21.000 долари, а компанијата дефинитивно ќе се погрижи патувањето да ви вреди за парите.

Покрај огромниот телевизор на допир, со картата добивате и фенси пижами за целосно да можете да се опуштите, како и првокласна услуга за храна и пијалоци. Исто така, на располагање имате огромно купатило, со туш кабина.

Прегледи:
419
Објавено на:
21.09.2016