Категории

Погледнете како изгледаат џиновските раце кои посегнуваат една кон друга во Венеција

Оваа неверојатна скулптура е дело на уметникот Лоренцо Куин кој изгради шест пара раце кои се приклучија на историскиот Арсенал. Мостовите со височина од 15 метри и ширина од 20 метри, се ремек-дело кое го слави единството и претставува прекрасен украс на градот.

„Човечките раце ме фасцинираат бидејќи преку нив имам можност да споделам директна, универзална порака. Плус, јас сум Италијанец, ние зборуваме со нашите раце.“

Проектот „Градење мостови“ се состои од 6 индивидуални мостови: мудрост, надеж, помош, верба, пријателство и љубов.