Категории

Погледнете како успеал Константин В’чков за 9 месеци да изгуби 30 килограми (ВИДЕО)

Грижата за своето здравје и тело и напорот да се доведете телото до посакуваната тежина, не е воопшто лесен процес и за да се дојде до посакуваните резултати треба строга дисциплина во исхраната во комбинација со физичка активност. Приказните на луѓето кои успеваат во тоа заслужуваат да бидат раскажани како мотив за сите оние кои сеуште не можат да се ослободат од вишокот килограми.

Константин В’чков за девет месеци успеал да изгубил дури 30 килограми. Прочитајте ја неговата борба со килограмите преку соодветен режим на исхрана и физичка активност кои за него се покажале како најефикасни.

„Јас немав никаква поврзаност со нутриционизмот како наука, а исто така не сум ни фитнес тренер со диплома за да можам да ви го објаснам начинот на кој се храни мускулот или пак како се топат мастите, затоа јас ќе ви го раскажам моето искуство за мојата трансформација за девет месеци.
Накратко, она што е најважно за секој кој сака да изгуби килограми и да го промени начинот на живот е дисциплината. Јас имав два тренинзи дневно. Првиот, кардио тренинг го започнував во 5 часот наутро, а вториот од 14 часот попладне – тежински тренинг.

Мојата исхрана се состоеше исклучиво од протеини (месо, јајца, протеински додаток) и еден јаглехидрат во денот кој го внесував пред вториот тренинг. Претходно, никогаш во животот го немав искачено Водно, не бев способен да го направам тоа поради моите килограми и недостатокот на кондиција. Првиот пат успеав да го искачам за три часа, а денес се искачувам на Водно и по два пати во денот, а за тоа ми се потребни околу 55 минути.

Јас сум пример дека доколку нешто навистина сакате да постигнете, само треба да верувате и да се трудите и сигурно ќе успеете во тоа. Но, секој треба да биде свесен дека слабеењето и дебелеењето не се магични процеси кои можат да се случат веднаш. Потребна е макотрпна работа на самите себе, многу волја и резултатите ќе си дојдат сами по себе“, вели Константин.

Во видеото подолу можете да ја погледнете неговата целосна трансформација за девет месеци.