Компир подготвен на овој начин можете да го јадете секој ден и нема да ви здодее!
Состојки:
- компири колку што ви се потребни
- свинска маст или путер за убаво да се премачка дното на плехот
- неколку парчиња сланина (може и без неа)
- малку сок од лимон
- малку кајмак (во недостаток може и крем сир)
- 1-2 чешниња лук
- сечкан свеж магдонос
- сол
Подготовка:
- Компирот ставете го да се вари и оставете го да врие нешто помалку од 10 минути. Ако е млад, доволно се и 5 минути.
- Плехот во кој ќе печете подмачкајте го со многу маст или путер.
- Не се препорачува зејтин, иако маслоново масло може да дојде в предвид.
- Компирите посолете ги, поголемите расечете ги на два дела, наредете ги во плехот и секој од нив покријте ги со парче сланина.
- Ставете ги во рерната загреана на 250 степени. Колку време ќе ви биде потребно зависи од големината на компирите, а ќе знаете дека е готов по кафеавата боја на кората.
- Пред крајот на печењето извадете ги од рерна и наросете ги со многу ситно исечканиот лук.
- Кога и лукот ќе пушти малку мирис, извадете го плехот, исцедете малку лимонов сок и одозгора ставете магдонос.
- Со кајмакот прелијте ги компирите кога ќе ги сервирате.