Категории

Поместува граници: Оваа девојка ќе оди на избор за Мис без шминка! (ФОТО)

Британката Ел Селин (31) ќе се натпреварува на изборот за Мис на Велика Британија за 2021 година без воопшто да користи шминка на лицето, сѐ со цел да ги инспирира младите девојки да се чувствуваат убаво во своја кожа.

Нејзината одлука е инспирирана од борбата која ја поминувала како тинејџерка кога нејзините врсници ја малтретирале и се шминкала за да ја прикрие својата несигурност.

„Веќе на 13 години почнав да се шминкам, за полесно да се вклопам“, вели таа.

Денес, таа има сосема друг став. Веќе воопшто не се шминка, а сака да ги потсети и другите дека пминкањето е избор на кое има право секоја жена.

„Ако некој почне барем малку подобро да се чувствува поради мене, тогаш ништо од ова не е залудно“, заклучила таа.