Категории

Порака за Бадниковата вечер – Не заборавајте, Бог го сака и најлошото во нас!

Папата Франциско им порача на верниците на Бадник, кој се слави според грегоријанскиот календар, дека Бог ги сака сите, дури и најлошите од нас.

Придружуван од хорска песна, папата Франциско ја откри статуата на сцената на раѓањето на Исус во подножјето на олтарот на базиликата Свети Петар во Ватикан. Папата рече дека раѓањето на Исус е потсетник на безусловната љубов на Бога.

Во исто време, тој ги повика верниците да дозволат да бидат преобратени од Исус со неговата љубов и да престанат да се обидуваат да ги менуваат другите.

– Да не чекаме нашите соседи да бидат добри пред да направиме нешто добро за нив, црквата да биде совршена за да ја сакаме, за другите да не почитуваат пред да ги почитуваме. Да почнеме со самите себе – истакна Папата.

Франциско честопати ја нагласува „личната трансформација“ во неговото реформско папство, верувајќи дека вистинските реформи не можат да се наметнат од врвот, туку да се признаат одвнатре.

Тој ги отфрла ставовите на некои свештеници кои не се задоволни од неговата прогресивна отвореност кон членовите на ЛГБТ заедницата, разведените лица и луѓето од маргините.

 

Прегледи:
660
Објавено на:
06.01.2021